ЗА НАС

Институтот „Публикум Ин“ е волонтерска, непрофитабилна и непартиска организација, лоцирана во Скопје, Република Северна Македонија. Креирана е од високо мотивиран и искусен тим со една основна цел- зајакнување на демократските капацитети и западни вредности во Северна Македонија и регионот на Западен Балкан. Веруваме дека целосната отвореност и транспарентност, како и прифаќањето на различноста и еднаквоста на сите основи се столбови за добро управување, силни институции и демократско општество.

МИСИЈА

Институтот „Публикум Ин“ се стреми кон реализирање на својата мисија преку обезбедување сеопфатни платформи за развивање на знаењето и вештините на клучниот персонал, кој има можност најефикасно да создаде амбиент за градење на демократско општество, засновано врз европските и евро-атлантските вредности, општество што подразбира транспарентност и отчетност во управувањето и еднакви можности на сите свои граѓани, без оглед на нивниот пол, раса, етничко потекло, попреченост, сексуална ориентација, религија или верување, брачен статус или возраст.

ПОНУДА

Нудиме експетрска поддршка во процесот на зголемување на институционалната визибилност и транспарентност како камен-темелник на демократскиот раст.

Поддршка за подобрување на родовата еднаквост и родовата перспектива заедно со унапредување на човековите права и културната свест во работната средина.

Поддршка во развивањето на евро-атлантската идеја и поврзување на вредностите на НАТО и ЕУ во институционалните и организациските пораки, како начин за целосно прифаќање на западните вредности во македонското општество, но и во општествата во другите земји од Западен Балкан.

ТИП НА АКТИВНОСТИ

Иновативни курсеви, работилници, семинари и тркалезни маси засновани на методите „креативно размислување“ и „учење преку работа“

Стручни совети за односи со јавноста и организацијата на единиците за односите со јавноста во институциите / организациите

Создавање мрежа на специјалисти за односи со јавноста во локалните заедници за понатамошна максимална ефикасност во пренесување пораки кои се засновани врз вредностите на НАТО и ЕУ

НАШИОТ ТИМ

Нашиот тим вклучува млади, мотивирани и високо обучени лица со децениско комбинирано искуство во областа на јавните работи, стратешката комуникација, родовата еднаквост и родовата перспектива, и во јавните институции и во приватните корпорации.

Публикум Ин располага со:

  • експерти од областа на односите со јавноста со над 10-годишно практично искуство во спроведување на односите со јавноста во владините институции;
  • меѓународно сертифицирани медиа тренери со долгогодишно работно искуство во реномирана НАТО институција ;
  • лица со искуство во организирање над 50 семинари, курсеви и работилници;
  • сертифицирани експерти од областа на родовите прашања, особено во одбранбениот сектор;
  • млади инструктори со наставно искуство во многу активности организирани и поддржани од невладиниот сектор во Северна Македонија, регионот на Западен Балкан и земјите-членки на ЕУ;
  • лица со долгогодишно искуство во меѓувладината функционалност и организација;
  • лица со над 5 годишно искуство во приватниот сектор, фокусирани на корпоративните односи со јавноста;

Нашиот тим е разновиден и флексибилен. Ние го комбинираме целото наше искуство за да најдеме нови и иновативни решенија за вистинските и итни прашања. Ние не само што веруваме само во западните вредности, туку и живееме водени од нив.