Публикум Ин со серија вебинари активно придонесува кон изнаоѓањето на решенија на предизвиците предизвикани од пандемијата на корона-вирусот

„Институтот Публикум Ин“ од 10 август годинава, ќе започне со реализација на серија вебинари посветени на најважните прашања кои имаат исклучително големо влијание врз општеството, особено во време на пандемијата на корона- вирусот. Помогнати од етаблирани професионалци и искусни стручни лица, „Публикум Ин“ ќе се посвети на комуникациите, начинот на пренесување на информациите, борбата со дезинформации и пристапот на медиумските претставници.

Имајќи предвид дека пандемијата е и регионален, но и глобален предизвик, во рамките на серијалот вебинари, акцент ќе биде ставен и на регионалните искуства, начинот на кој се спроведуваат комуникациите во земјите од Југоисточна Европа, но и научените лекции во решавање на сите предизвици во комуникацискиот процес.

Младите, како категорија која е една од најпогодените во кризата, исто така, ќе бидат во фокусот на нашите активности, и тоа преку анализа на психолошките и социолошките предизвици со кои се соочуваат, влијанието на социјалните мрежи, младинските политики и, секако, образовниот аспект кој е можеби напогоден од воспоставените мерки и протоколи на т.н. „ново нормално“ живеење.

Вебинарите ќе бидат јавно достапни во живо на официјалниот Facebook профил, @PublicumIn (https://www.facebook.com/PublicumIn), како и на You Tube каналот на нашата организација, Publicum In NGO (https://www.youtube.com/channel/UCWxP6RCcfPdR0Ro8vh-yjrg).