Кризно комуницирање во време на пандемијата COVID – 19

Кризна комуникација во време на пандемија: Како до најефикасно пренесување на клучните пораки до јавноста и максимизирање на комуникацискиот ефект? Што претставуваат кризните комуникации, кои се вистинските канали за пренесување на пораките до клучната публика? Какво е местото на социјалните мрежи во процесот на кризно комуницирање?

Тоа се прашањата на клои одговори побаравме од најискусните, експертите кои секојдневно работат токму на оваа проблематика. Тамара Грнчароска, новинар со богато искуство во националните медиуми, Александар Србиновски, новинар во најстариот печатен медиум во земјата, „Нова Македонија“, Бојан Кордалов специјалист за односи со јавност и нови медиуми и Менче Атанасова Точи, новинарски доајен во областа на здравството разговараа за начинот на кој се спроведуваат кризните комуникации, за етапите низ кои поминаа владините комуникации од почетокот на пандемијата и за следните предизвици со кои ќе се соочиме.

Заклучокот е заеднички: потребна ни е институционална стратегија, службите за односи со јавноста треба побрзо да се прилагодат на новонастанатата ситуација и треба сите заедно да разбереме дека оваа состојба ќе потрае и дека сите сме заедно во возот!

Вебинарот може да се погледне на нашите социјални мрежи:

Facebook: https://www.facebook.com/PublicumIn/videos/1706810906143660

You Tube: https://www.youtube.com/watch?v=Loza_tzUeVM&t=220s