Помогнати од нашата партнерска организација, EuroDEMOS од Романија, вториот проект од серијата вебинари посветени на пандемијата го посветивме на кризното комуницирање, стекнатото искуство и научените лекции од регионот. Водени од Бојан Стојковски, долгогодишен новинар и искусен фриленсер, специјалистот за односи со јавност и нови медиуми Бојан Кордалов и директорката на одделот за меѓународни програми на EuroDEMOS, Каталина Агинитеи се осврнаа на состојбата со владините комуникации во Македонија и во Романија, еволуцијата на комуникациите и севкупната состојба во справувањето со последиците од пандемијата.
Вебинарот може да се погледне на нашите социјални мрежи:
Facebook: https://www.facebook.com/PublicumIn/videos/639189566975652